Царовска: Нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата

Според последниот извештај на Комисијата за заразни болести, состојбата со Ковид-19 во училиштата во државата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб засега нема потреба од промена на моделот за начинот на одвивање на наставата бидејќи нема интерна трансмисија на вирусот во училиштата, покажува истражувањето на надлежните.

-На состанокот се констатираше и дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена. Директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн учење, ако има некаква одлука за тоа, се наведува во соопштението доставено од МОН.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот прос

23.09.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега