Царовска од Битола: ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се усрами и не се извини што нашите граѓани ги нудеше како евтина работна сила

Работниците со години беа на маргините, а нашите најранливи граѓани ги оставивме на инвеститорите и ги продававме како евтина работна сила. Од тоа не се срамеше нашата држава. ВМРО-ДПМНЕ не се усрами и не се извини за тоа“ рече потпретседателката на СДСМ и министерка за образование, Мила Царовска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ о Битола.

Таа додаде дека од доаѓањето на власт на СДСМ, се покажа дека минималната плата во земајва може да биде повисока и таа расте во континуитет секоја година.

„Горда сум што по 30 години конечно зборуваме за реформи и инвестираме во образованието. Нема држава која сака европски и светски стандарди, а притоа не инвестира во образованието. Како може некој да биде патриот, а да не се грижи дали ќе имаме лекари, наставници?“ запраша Царовска.

Минситерката за образование додаде дека треба да се слушаат младите и да се сервисираат нивните барања, за да им се покаже дека и тие учествуваат во политиките и дека се дел од државата, за својата иднина да ја гледаат тука.

„Не си одат младите само поради пари и егзистенција. Тие треба да се почувствуваат дека се дел од оваа држава. Треба да ги слушнеме и да направиме тоа што бараат, бидејќи тие знаат што им треба“ кажа Царовска.

Таа додаде дека Владата на СДСМ прави тоа што граѓаните го бараат и што им е потребно и додаде дека за овие 4 години, е направено двојно повеќе од тоа што ВМРО-ДПМНЕ направи за 12.

23.07.2021 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега