Царовска: Секоја општина е важна, инвестираме во подобри услови во училиштата

Потпретесателката на СДСМ Мила Царовска,  на маалска средба “Најдоброто за нашата општина” разговараше со жителите на Општина Сарај. Царовска тече дека постигнатите резултатите може да се видат секаде и дека во нив придонес освен локалната има и централната власт.

“За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Тоа е СДСМ! Затоа во изминатиот период рамномерно инвестираме во целата држава. Ги слушаме барањата на граѓаните и одговараме на нивните потреби. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии, парите на граѓаните денеска не ги трошиме на бесцелни проекти, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради”, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ посочи дека истовремено со јакнењето на наставниот кадар се работи и на реформи за поквалитетно и современо образование, но и на подобрување на условите во училиштата.

Конкретно во Општина Сарај за замена на покрив на ОУ Бајрам Шабани во селото Кондово се вложени 4,2 милиони денари, додека за прозорите и санитарните јазли во истиот објект уште 6,5 милиони денари. Воведено е топловодно греење и обезбеден е нов инвентар во ОУ Дитурија во селото Љубин. Нови спортски сали добија 270 основци од училиштето Борис Кидриќ во селото Крушопек и 390 што го посетуваат ОУ Емин Дураку во село Буковиќ и од СОУ Сарај во населбата Сарај. За сите наведени сали во општина Сарај вложивме 38,6 милиони денари. Во декември 2019 година завршена е и салата за ОУ Сами Фрашери во селото Глумово.

16.07.2021 - 08:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега