Царовска во Сарај: Секоја општина е важна

Потпретесателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба "Најдоброто за нашата општина" разговараше со жителите на Општина Сарај. Царовска рече дека постигнатите резултатите може да се видат секаде и дека во нив придонес освен локалната има и централната власт.

"За нас секој човек е важен, секоја општина е важна. Тоа е СДСМ! Затоа во изминатиот период рамномерно инвестираме во целата држава. Ги слушаме барањата на граѓаните и одговараме на нивните потреби. Поставивме пример на одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии, парите на граѓаните денеска не ги трошиме на бесцелни проекти, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради", рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ посочи дека истовремено со јакнењето на наставниот кадар се работи и на реформи за поквалитетно и современо образование, но и на подобрување на условите во училиштата.

Конкретно во Општина Сарај за замена на покрив на ОУ Бајрам Шабани во селото Кондово се вложени 4,2 милиони денари, додека за прозорите и санитарните јазли во истиот објект уште 6,5 милиони денари. Воведено е топловодно греење и обезбеден е нов инвентар во ОУ Дитурија во селото Љубин. Нови спортски сали добија 270 основци од училиштето Борис Кидриќ во селото Крушопек и 390 што го посетуваат ОУ Емин Дураку во село Буковиќ и од СОУ Сарај во населбата Сарај. За сите наведени сали во општина Сарај вложивме 38,6 милиони денари. Во декември 2019 година завршена е и салата за ОУ Сами Фрашери во селото Глумово.

15.07.2021 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега