Царовска: Второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел којшто се покажа како успешен во првото

Она што е позитивен пример не треба да го менуваме и сметам дека второто полугодие ќе продолжи да се спроведува со комбинираниот модел и дека оваа учебна година ќе ја завршиме според успешно воспоставениот модел, рече министерката Царовска во гостувањето на ТВ Клан. 

“Во првото полугодие најголем предизвик беше како наставниците ќе се снајдат со онлајн наставата. Но овој предизвик е надминат и второто полугодие го продолжуваме по веќе воспоставениот хибриден модел: онлајн, со физичко присуство и со следење на часови преку телевизија”, рече министерката Царовска.

Министерката истакна дека првото полугодие заврши успешно. Имавме над 90% ученици коишто успешно следеа онлајн настава, помалку од 1 % активни случаи  со Ковид-19 на наставници и ученици од оние кое беа со физичко присуство, наставата течеше според планот, а оценувањето заврши успешно и навреме”, рече Царовска.

Второто полугодие започнува на 21 јануари, во четврток.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега