Царовска: Заев покажа дека е широк човек

Министерката за образование и наука која е и потпретседател на СДСМ во оставка, Мила Царовска вели дека премиерот Заев покажал ширина со одлуката да си поднесе оставка.

„Некои одлуки во дадени моменти навистина покажуваа ширина и тоа е таа одлука да кажеме дека тој го кажа својот став и тоа е негов став и тој треба да се почитува како таков. Навистина е значајно што понатаму ќе се случува да во Собранието се обезбеди соодветното мнозинство за да оној западно европски курс на државата се задржи, демократските процеси во државата се задржат и секако развојот кој интензивно ни се случува во последните 5 години да се задржи и економскиот развој и општествениот развој. “ – вели Царовска

 

22.11.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега