Цел живот поггрешно ставате детергент во машината за перење - со овој трик алиштата ќе бидат миризливи и чисти

Иако на секоја кутија за детергент имате препорака колку треба да ставите во машината, повеќе произведувачи претеруваат во препораката, за да трошите повеќе производ. 

-Пред се, важно е да се нагласи дека повеќе детергнет не значи и почисти алишта, иако повеќето така мислат, па луѓето затоа неумерено ставаат детергент, а всушност со тоа ја оштетуваат облеката и машината. За добро испрани алишта клучни се три елементи: температурата на водата, центрифугата, детергентот и омекнувачот. Кога сите три елементи ќе бидат ускладени, тогаш алишптата ќе се чисти - вели Мари Гаљарди, специјалист за алишта и тестери во The Clorox Company.

Како што таа советува, важно е да одберете најголема можна температура, бидејќи повисоката температура значи и чисти алишта.

-Изберете и програм со подолго и додатно перење. Што се однесува до детергентот, важно е да е квалитетен. Така ќе знаете ако вашите алишта се пенат додека се перат, пробајте на амбалажата да пронајдете најмала препорачана количина и обидете се така да ги перете. Пробувајте да ја намалувате количината на детергентот која ја користите со цел да ја достигнете идеалната мера - вели таа додавјќи дека е најпаметно детергентот да го измерите, а не да го ставате директно во мачина, бидејќи само така со сигурност ќе знаете колку сте ставиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега