Цела Европа гори, само во еден град е постудено од претходно - Македонците често патуваат таму

Додека во светот овогодинешниот јули беше најтопол досега, во Атина температурите се симнаа на релативно пониско ниво од претходно, покажуваат податоците на Националната опсерваторија во Атина, пренесува Катимерини.

После топлите први 10 дена на јули, следните денови температурата во Атина била значително под просекот на деценијата. Просечната температура за јули била 33,9 степени Целзиусови, пониска од просекот на деценијата. Најтоплиот јули во последната деценија во Атина бил во 2012 година, со просечна температура од 36,9 степени Целзиусови.

Атина доживеала значителни промени на температурите како и менување на долгите врели и ладни периоди, но трендот на растот на годинешните температури од средината на 1990 година до денес е импресивен, рекла Димитра Фунда, главна истражувачка на Институтот за животна средни од одржлив развој при Националната опсерваторија во Атина.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега