Целиот свет ќе го слуша албумот „Македонско девојче 2“ на Каролина

Целиот свет ќе слушне за прекрасните композиции на Каролина Гочева од нејзиниот албум „Македонско девојче 2“.

Од Авалон продукцијата денеска информираат дека последниот албум на Каролина "Македонско Девојче 2" од денес може да се набави дигитално и преку најголемата светска online продавница за музика iTunes Store.

Па, целиот свет ќе ја слушне прекрасната македонска музика со песните на Каролина Гочева.

16.04.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега