Цените на становите ќе растат уште повеќе: Во Центар квадрат ќе надмине 2.000 евра

Квадрат во Центар ќе ја надмине границата од 2.000 евра. Цените на становите допрва ќе растат. Градежната комора вели дека има повеќе причини за забрзаниот раст на цените, но тоа најмногу се должи на материјалите за работа.

Пресметките на комората говорат дека градежните материјали поскапеле за 80 отсто, а сѐ поголем проблем е и нивната набавка поради пандемијата.

-Со покачување на минималната плата, и трендот што се најавува дека ќе се покачува минималната плата, а со најавените уште поголеми покачувања на репроматеријалите кои ги имаме во моментот цениме дека цените на становите ќе растат, вели Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега