Чачак: Автомобил удри во дива свиња, па во автобус, загина момче

Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Чачак – Пожега, животот го загуби осумнаесетгодишник, а повредена е 17-годишна девојка и нејзината состојба е стабилна.

Несреќата се случила кога возач на патнички автомобил прво удрил во дива свиња, а потоа во автобус кој доаѓал од спротивната насока.

„Сè стои во место додека трае истрагата, колоните со возила се огромни, а „Реното“ што учествуваше во несреќата е целосно здробено“, вели еден од очевидците.

Како што потврдија во Општата болница во Чачак, на Итната помош била примена 17-годишна жена, на која состојбата  е стабилна.

03.01.2024 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега