Чаир повеќе не е на врвот - три скопски општини имаат над 300 заразени со коронавирус

Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани 438 новозаразени со коронавирус во Македонија, уште 6 лица починале, а оздравени се 191 пациент.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22607, бројката на оздравени пациенти е 16949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4837.

Скопје и Струмица во моментов се жаришта на вирусот во Македонија,. Во Скопје има 2.290, а во Струмица 334 активни случаи.

Што се однесува до општините во Главниот град, најмногу заразени има во Аеродром, Карпош и Центар. На почетокот општина Чаир беше на врвот, но со текот на времето тоа се промени.

Еве колку изнесува бројот на активни случаи во секоја скопска општина посебно:

• Чаир – 96

• Гази Баба – 221

• Аеродром - 456

• Карпош – 392

• Центар – 394

• Кисела Вода – 268

• Ѓорче Петров – 188

• Бутел - 87

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 3

• Сарај – 16

• Арачиново – 4

• Илинден – 35

• Сопиште – 19

• Чучер Сандево – 7

• Петровец –12

• Зелениково - 6

• Странец – 13

• Нераспределен- 59“, информира Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега