Чаир повторно со најголем број на заразени со коронавирус

Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи…, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Во однос на дистрибуцијата по градови за вкупниот број, најмногу активни случаи со Ковид-19 и натаму има во Скопје – 944, а потоа следат Штип со 186 случаи, Куманово со 155 случаи, Тетово – 145.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега