Чавков со четворица осудени за 27. април бараат да бидат пуштени од Шутка

Осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 бараат до правосилноста на пресудите да се бранат од слобода, пренесе Сакамдакажам.мк.

Митко Чавков, кој беше осуден на највиоска казна од 18  години затвор, Душко Лазаров (осуден на 15 години затвор), Горан Ѓошевски (осуден на 15 години затвор), Никола Митревски-Кољо (осуден на 15 години затвор) и Абдулфета Алими (осуден на 7 години затвор), денеска со жалба до Апелациониот суд Скопје од петорката судии побараа да им биде укинат притворот, зашто имаат дадено гаранции.

Гаранцијата на Чавков е 600 илјади евра, на Ѓошевски 434 илјади евра и на Лазаров, како највисока, изнесува 770 илјади евра, целосно во недвижен свој и имот на роднини.

- „За што плативме гаранции, за да седат во затвор?“, коментираа роднините на осудените.

Сите петмина седеа со лисици на раце додека не влезат во Судот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2019 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега