Челзи спреми 50 милиони за ѕвездата на Еквадор

Челзи сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а позната е најголемата трансфер желба на тренерот Потер.

Станува збор за неговиот „миленик“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој ова лето беше на мета на многу европски гиганти.

Одличниот Еквадорец пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и под водство на Потер буквално „експлодираше“.

Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а покажа одлични партии и на Светското првенство.

Каиседо има договор со Брајтон до 2025 година, но Челзи е спремен да плати 50 милиони евра за да го доведе на „Стенфорд Бриџ“.

29.11.2022 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега