Чешка стана ново жариште: Повеќе од 3.000 новозаразени во само еден ден, се стравува од пеколниот октомври

Во четвртокот во Чешка имаше 3.130 нови случаи на позитивни на коронавирус, четири лица починаа, а бројот на смртни случаи од компликации како резултат на ковид-19 се искачи на 489 од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство.

Според статистичките податоци објавени од чешкото Министерство за здравство секој ден на полноќ, вчера беше нов црн рекорд, бидејќи бројот на новозаболени лица надмина 2.000 за прв пат во средата.

Вкупно 44.155 лица биле заразени во Чешка.

„Ситуацијата брзо се развива од почетокот на септември и начинот на кој се шири вирусот се менува. Овие веќе не се ограничени кластери кои имаат јасно потекло и се под контрола на регионалните санитарни инспекции”, рече Ладислав Душек, шеф на Институтот за здравствена статистика.

Процентот на лица заразени со корона вирус на кој им е потребна некаква форма на хоспитализација е околу четири проценти, а бројот на пациенти во сериозна состојба е околу еден процент, рече Душек.

Во четвртокот, институтот презентираше неколку епидемиолошки модели во зависност од мерките што треба да ги преземе владата, и според првиот, ако епидемијата се прошири како што сега се шири со репродукција број Р 1.6 за септември, Чешка ќе забележи 27.000 нови случаи и со коронавирус до крајот на годината ќе се заразат со вкупно околу 3,5 милиони Чеси.

Ако смртноста остане на сегашното ниво од 0,4 на 3,5 милиони заразени, тоа, според Душек, би значело околу 14 000 смртни случаи, најмногу во јануари 2021 година.

„Доследното придржување кон епидемиолошките мерки може да го намали бројот на РС за 50 проценти. Ако контактите, масовните собири беа ограничени за 25 проценти без да ја попречуваат економијата или образованието, тоа нема да дозволи да се искачи кривата”, рече Душек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа