Чешките болници се полни - ковид пациенти ќе се лечат во странство

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици нивни ковид-пациенти, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти денеска Министерството за здравство.

Чешка во последните неколку недели стана една од најтешко погодените земји на глобално ниво, бидејќи многу регионални болници, преплавени од приливот на ковид-пациенти, беа принудени да ги префрлат во други болници, стотици километри подалеку од нивните матични градови.

„Големиот број новозаразени лица го зголеми притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациентите на кои им е потребна хоспитализација”, соопшти Министерството.

Податоците на Министерството за здравство покажаа дека до утринава во земјата биле хоспотализирани 8.153 лица со ковид-19, од кои 1.735 се на интензивна нега.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега