Четири лица повредени - БМВ излета од пат во Македонија

Во 16.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, после крстосницата за селото Горно Оризари, патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од И.З.(30) од с.Г.Врановци, општина Чашка, излетало од коловозот.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.З. и сопатничката З.З.(52) од с.Г.Јаболчиште, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници на возраст од 12 и 14 години, по што биле пренесени во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.      

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега