Четиринаесетгодишно девојче од Штип било принудено на проституција - со парите ги враќало долговите на својата мајка

Четиринаесетгодишна штипјанка три години била во синџирот на  присилна проституција, објави ТВ Стар. Нејзината мајка најпрво ја продала на макро во Шведска, каде тогаш 11-годишното дете сексуално задоволувало по неколку клиенти дневно. По неколку месеци, полицијата ја пронашла затворена во подземни простории по што била екстрадирана во Македонија.

Како што информира ТВ Стар, и по ова агонијата на девојчето продолжила бидејки на проституција била приморувана од сопствената мајка и братот.

„ Секој ден плакав и ги молев повеке да не одам по  хотели во и околу Штип но тие никако не ме разбираа дека неможам. Постојано ме убедуваа  дека  доколку престанм со таа работа за леб ке нема никој во семејството“,  изнело детето  пред надлежните.

Сепак, освен за егзистенција, со парите од проституцијата девојчето плаќало големи долгови на својата мајка кон лихвари од Штип. Парите, како што изјавило девојчето за полицијата, во истиот момент биле предавани на мајка ѝ, а често се случувало во раните утрински часови пред вратата да чекаат и лихварите.

Во текот на 24 часа  мајката  на детето заедно со лихварите му обезбедувале од 3-4 клиенти на девојчето, а цената била од 1000 до 1.500 денари. Главно, клиентите биле средовечни и постари мажи чии имиња девојчето не ги знае, но тврдело дека може да ги препознае.

Девојчето само го пријавило случајот кај надлежните служби, по што било сместено во Центар за згрижување  во Скопје.  Наводите од нејзината изјава се утврдуваат и  претстои истрага и одговорнсот за сите инволвирани.

Но, како што малолетниката кажала, таа не е единстевниот случај во мрежата на малолетнипката проституција. Случаи како нејзиниот во Штип  имало и други а присилените деца на проституција клиенти пречекувале низ целата држава и надвор, велат извори за ТВ Стар .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега