Четворица штипјани возеле со автомобили за време на полициски час, ќе платат 2.000 евра казна

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за четири лица во износ од 100 дневни глоби, секоја однив во висина од по 20 евра, односно 2.000 евра.

-Побараната парична казна е заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни случаи, се движеле со патнички моторни возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Македонија , а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот – COVID-19, појаснуваат од ОЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега