Четврта и најмлада жртва на коронавирусот во Србија- Почина докторка

Српските медиуми јавуваат за прв смртен случај од коронавирус меѓу медицинскиот персонал.

Според објавите станува збор за докторката Билјана Натиќ Љумовиќ (59) од одделението за гинекологија во болниацта во Ниш. Таа починала вчера на Инфективната клиника во Ниш.

Медиумите во Србија јавуваат дека докторката била во контакт со жена од Лугано, а имала и дијабет.

Поради симптоми на коронавирус била примена во болница пред неколку дена, по што здравствената состојба и се влошила, била приклучена на респиратор, но организмот не успеал да се избори.

Докторката е прва жртва од вирусот во Ниш, четврта во Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега