Член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ заразен со коронавирус

Давид Ѓорѓе преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.

Познатиот српски рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид во болница заврши поради воспаление на белите дробови. Тој преку социјалната мрежа Инстаграм испрати порака до сите.

-За жал… потврдено ми е дека позитивен сум на Ковид-19! Не разбирам… Очаен сум. Вирусот ќе помине, но… Болницата, пеколот, како да си во затвор или војска. Луѓе чувајте се. Ве молам!, напиша тој на Инстаграм.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега