Чулев: Кина со голема донација за македонските полицајци

Кина со голема донација за македонските полицајци, објави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Со големо задоволство сакам да ја информирам јавноста дека денес, а во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на мое претходно барање и оствараната комуникација, преку амбасадата на НР Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија“ напиша Чулев на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега