Чулев: На ниво на Скопје, полицискиот час најмногу не се почитува во Шуто Оризари, а на државно ниво во Струмица

Министерот за Внатрешни работи, Наќе Чулев во извјава за телевизија Сител, истакна македонските граѓани покажаа високо ниво на свесност за почитување на полицискиот час кој е воведен веќе петти ден во Македонија. Тој потенцираше дека за овој период за кој постопи мерката за ограничување на движењето само 300 граѓани на државно ниво не ја почитувале мерката.

-Од воведувањето на мерката за ограничување на движењето на граѓаните, почнувајќи од 22 март па до денес, генерално македонските граѓаните ги почитуваат мерките, покажуваат високо ниво на совесност. Иако забележани се одредени отстапувања на непочитување, за овие пет дена од кога е воведена мерката, 300 граѓани не ја почитувале и против нив се превземени соодветни санкции и предупредувања, против дел од нив се поднесени и соодветни кривични пријави. Сепак, генерално граѓаните ја почитуваат мерката за ограничување на движењето, рече Чулев.

Министерот Чулев истакна дека спореб статистиките на министерството оваа мерка на ниво на територија на град Скопје, најмногу не се почитува во Шуто Оризари, додека на државно ниво најмногу прекршување на мерката има на територија на Струмица.

– На територија на скопје, како регион во кој помалку се почитува оваа мерка е населбата Шуто Оризари и таму имаме зголемена полициска контрола. Додека на територија на државата после Скопје, на второ место е Струмица, односно струмичкиот регион, констатираше Чулев.

26.03.2020 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега