Чулев од Тетово: Во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денешниот празник Богојавление Водици, го прослави во Тетово. На Фејсбук тој напиша:

-Денес бев во Тетово, на еден од најголемите празници кој го слават православните христијани и заедно со нив присуствував на фрлањето на осветениот крст.

На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави, навистина се јави – напиша Чулев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега