Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба

 

 

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, на својата фејсбук-страница ги повика Државната комисија за спречување корупција и другите надлежни институции и да го истражат случајот во кој министерот за внатрешни работи, во видео објавено на неговата фејсбук-страница, прават класична злоупотреба на полициските ресурси за политички цели.

Чулев во својот статус наведува дека кога вработените во Министерството за внатрешни работи работат и функционираат во услови што се далеку под стандардот за нормално функционирање на полицијата и кога поради лошото менаџирање на Министерството за внатрешни работи, оваа државна институција тоне во отпад, парите на полициските службеници и граѓаните се користат за политичка промоција на Оливер Спасовски, кој за личен ПР и за политичка промоција во пресрет на претседателскиот избори објави висококвалитетен спот, платен од буџетот на Министерството за внатрешни работи, каде што тој лета и се фотографира со полицискиот хеликоптер.

Тој го повикува Оливер Спасовски да даде одговор која е потребата за политички цели да се употреби хеликоптерот? Колку чини реализацијата на овој промотивен спот? Дали употребата на државен хеликоптер со полициски ознаки не е злоупотреба на позицијата за политички и лични цели? Кој е бенефитот на граѓаните од трошењето буџетски пари за себепромоција и политички цели?

16.10.2023 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега