Чувале коакаин, марихуана и куршуми во домот- Приведени двајца кичевци

Коакаин, марихуана и куршуми вчера беа пронајдени во домовите на двајца кичевци. Двајцата се приведени и заработија кривична пријава.

Како што информира портпаролот на СВР-охрид Стефан Димоски, вчера по претходна негова согласност, полициски службеници од ОВР Кичево, извршиле претрес во домот на И.З.58- годишен од Кичево, при што биле пронајдеби и одземени 43 куршуми од засега непознат калибар и 355 семки од марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-Вчера, при извршена контрола на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. Во врска со овој настан, приведен и лишен од слобода е А.К.24- годишен од Кичево, соопшти Димоски.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега