Чувар на фабрика во Прилеп пронајден удавен во базен во кругот на објектот

 

 

Маж вработен како чувар во фабрика во Прилеп, бил пронајден удавен во базенот во кругот на објектот, информира МВР.

-На 21.09.2020 во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од село Беровци, кој бил  ангажиран како чувар на објектот. Од противпожарна екипа од Прилеп  телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега