„Чувствував како топлотниот бран да ми ја пржи кожата": Кружат снимки од експлозијата во Леверкузен, граѓаните стравуваат

Силна експлозија во фабрика за отпад, во која има и повредени го потреси германскиот град Леверкузен. На Интернет започнаа да кружат снимки, но и пораки од граѓаните кои ја виделе експлозијата.

„Многу сме исплашени, се тресеа прозорците на куќата. Се надевам дека никој од нашите сограѓани не настрада", рекла една жена објавувајќи го видеото на Фејсбук.

Други пак рекле дека досега такво нешто не се случилло и дека почувствувале како топлотен бран "им ја пржи кожата".

Црните облаци се видливи и во околните градови, па луѓето започнале да споделуваат снимки и фотографии.

„Кај нас во Вајсдорф видов огромен облак од чад, сите се исплашивме. Се надевам дека нема настрадани", додека пак друга жена била загрижена за својот син кој работи во Леверкузен.

„Се плашам за него. Прво поплави, сега ова. Не ми е јасно зошто нас нѝ се случува ова".

Полицијата ги затвори сите влезови и излези од Леверкузен, а властите ги замолија граѓаните да не ја оптеретуваат полицијата, брзата помош и пожарникарите со цел поголем број на екипи да бидат испратени кон ова подрачје.

Доколку пожарот брзо не се локализира, се заканува да ја зафати и зградата во која се складирани 100.000 литри запаллива течност.

Како што пренесуваат од противпожарната единица, причината за експлозијата сѐ уште не е познат. Нивните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Според зборовите на локалната полиција, повредени се неколку лица, две се во тешка состојба, а петмина работници се водат за исчезнати.

28.07.2021 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега