Ципрас нападнат во авион: „Ни ја продадовте државата, а слободно шетате, местото ви е во затвор“ (ВИДЕО)

Двајцата биле во ист авион, а таа ја искористила можноста сè да му каже во лице. Една Гркинка во текот на авионскиот лет видела дека со неа патува поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас па ја искористила можноста да му каже што мисли за него и неговото владеење.

Додек тој мирно седел на седиштето, жената му пришла и вербално го нападнала поради тоа што за време на неговата власт ја дозволи промената на името на нашата држава.

„Ова ќе ви го кажам како адвокат. Се смеете, се шетате слободно, а местото ви е во затвор. Набрзо ќе бидете таму. Ни ја уништивте земјата, нас нè нарековте насилници и фашисти, вие сте најголемиот фашист и предавник на оваа земја“ - му рекла жената на Ципрас.

Набрзо на жената ѝ рекле дека е доволно тоа што го кажала и ја замолиле да се повлече, но таа продолжила со нејзините осудувања.

„Не разбирам. Ми ја предаде земјата и го продаде она за кое нашите предци се бореа, а и понатаму се шета слободно. Што е? Не сакаш да слушаш?“ - го прашала жената.

На крајот луѓето успеале да ја оддалечат жената од поранешниот премиер на Грција.

 
 
 
View this post on Instagram

Greek woman finds former Prime Minister of #Greece #Tsipras on a flight and gives him a piece of her mind What would you do??

A post shared by Greek Concert Status (@greek_concert_status) on Oct 17, 2019 at 8:28pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега