ЦЈЗ ги бара контактите на Амди Бајрам - роднините не сакаат да соработуваат

Починатиот Амди Бајрам е влезен во денешната Ковид статисатика, откако вчера попладне неговиот постмортем тест покажа дека е позитивен на корона вирусот. Информацијата за Сител ја потврдија од Институтот за јавно здравје и со тоа се отвора можноста за  изолирање на сите контакти кои непосредно пред смртта биле со поранешниот пратеник, но и сите оние кои присуствуваа на свадбата на внуката на Бајрам во Турција.

Епидемиолозите се жалат дека роднини не сакале да соработуваат, но и да ги кажат лицата кои биле на свадбената церемнонија, информира Сител. 

Министерството за здравство вчера изрази сочувтсво до семејството и апелираше, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Отааму побараа да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега