Црн биланс на починати во велешката болница – вчера тројца, денеска уште тројца

На Инфективното одделение во велешката Општа болница во изминатото деноноќие починаа тројца пациенти, велешанец на 89 годишна возраст и двајца жители на Градско на возраст од 79  и 65 години..Инаку и вчера на ова одделение починаа тројца пациенти.

Како што информира д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Болница, во изминатите десет  дена на ова одделение во велешката болница починаа осум пациенти,од кои пет од Велес,двајца од Градско и еден од Свети Николе

Моментално на Инфективното одделение во велешката болница се хоспитализирани 33 пациенти од кои 30 се потврдени позитивни на Ковид -19 и тројца сомнителни кои чекаат резултати од тест.
 
Капацитетот на ова одделение од 35 кревети изминатата недела беше зголемен на 54 , и има сеуште слободни места
 
Во Велес и велешко моментално активни на болеста се 122 лица.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега