Црн ден во Србија, извршен масакр - четири лица застрелани во семеен дом

Четири лица биле застрелани со огнено оружје во семејната куќа во селото Расно во општина Сјеница.

Според првичните и неофицијални информации кои ги објави Курир.рс, тројцата мртви од вкупно четворицата наводно ги пронашол роднината Е.С.

Еден од домашните давал знаци на живот и веднаш бил пренесен во болница, останатите тројца биле мртви. Увидот и истрагата се во тек, а сите итни служби се на терен.

Според првичните и непотврдени информации, осомничениот наводно дошол од Германија и пукал во поранешната сопруга, а потоа во нејзините родители.

Причина за вака тешката семејна трагедија можат да бидат некои нерасчистени или лоши семејни односи.

Според првичните информации, причина за трагедијата се лошите семејни односи, затоа што осомничениот кој дошол од Германија каде се наоѓа на привремена работа, ја убил својата поранешна сопруга, нејзините мајка и татко, додека нејзиниот брат тешко го ранил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега