Црна недела на грчкото крајбрежје: За еден ден 3 смртни случаи

 

Грчките власти денеска известуваат за три одделни трагични смртни случаи на морските брегови, што се случиле во неделата.

Според информациите од крајбрежната стража, напладне во недела било пронајдено тело на жена на возраст од околу 50 до 55 години во морскиот дел од пристаништето А во Солун. Засега не се познати нејзиниот идентитет, националност, ниту околностите под кои настапила смртта. Централната пристанишна управа во Солун ја води прелиминарната истрага.

Попладнето истиот ден, 82-годишен маж бил пронајден во несвест на плажата Плака на островот Тилос. Тој бил итно пренесен во болницата во Ливади, каде што, за жал, бил прогласен за мртов.

Неколку часа подоцна, уште еден трагичен случај бил евидентиран – 88-годишен маж бил пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. И за овој случај е отворена истрага за да се утврди точната причина за смртта.

Грчките власти апелираат на внимателност и ги засилуваат контролните активности поради зголемената фреквенција на туристи и повозрасни лица на плажите во летниот период.

14.07.2025 - 10:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега