Црвениот плоштад денес беше најбезбедното место на светот: Руски пратеник откри дека ветераните биле во карантин

Пратеникот на Државната дума, Генадиј Онишченко во пресрет на Парадата на победата изјави дека Црвениот плоштад е најбезбедното место на светот.

Како што откри, сите ветерани кои присуствуваа на парадата биле во карантин од две седмици.

„Најбезбедното место во Русија и на планетата е овде. Сите ветерани беа во карантин, сите кои беа во првите редови се тестирани, сите беа во изолација“, изјави Онишченко.

Во Москва беше одржана Парадата на победата во чест на 75 години од завршувањето на Втората светска војна. На свеченоста голем број на државници го откажаа присуството, а присуствуваа лидерите на само 13 држави.

Воената парада по повод Денот на победата требаше традиционално да биде одржана на 9-ти мај, но оваа година беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега