ЦУК: Активен пожар во општина Чашка

Од 15:40 часот има активен пожар над село Мелница, во месноста викана Ливаѓе во општина Чашка, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна – Велес добиено е известување во кое се наведува дека пожарот е на непристапен терен.

– Можно е во текот на утрешниот ден да се побара и поддршка за гаснење на пожарот од воздух, информира ЦУК.

23.02.2024 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега