ЦУК: Седум пожари на отворено изминатото деноноќие


Седум пожари на отворено биле пријавени изминатото деноноќие. Од РЦУК Скопје известиле за три пожари, од РЦУК Битола за три пожари и од РЦУК Велес за еден пожар на отворено, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.

Во последното деноноќие имало вкупно 2 162 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112  во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 37,51 отсто, а 62,49 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 27,51 проценти, кон пожарникарите 4,09 отсто, а кон АМСМ  0,37 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. 

12.03.2024 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега