Цветанова: Забрчанец, да те потсетам – твојот премиер навреди и дискриминира

Советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец, вчера на „Твитер“ му реагираше на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој напиша:

-Забрчанец џабе сега „Извини до небо“. Зоран Заев употреби ‘Педер’ со цел навреда што е недозволливо и апсолутно спротивно на сите цивилизациски вредности! Само неколку часа претходно збореше за Презумција за невиност. Ова е вон контрола.

На ова советникот на Заев наместо да реагира за изјавата прашува од кога тоа ВМРО-ДПМНЕ браните ЛГБТИ права.

-Чекај, вие браните ЛГБТИ права? Па честитки, сте излегле од ровот. Туку, зошто не гласавте за Законот за антидискриминација во кој се препознава сексуалната ориентација? Сега излезени од ровот, ќе гласате ли за Законот за ЈО?

На ова изнесување на Забрачанец, возврати поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која го потсети:

-Збрчанец, не станува збор за тоа кој ги брани или не туку кој ги навреди и дискриминра денес. Да те потсетам – твојот премиер Зоран Заев!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега