Д-р Беќаровски за оние кои пијат лекови на своја рака: Препуштете ја медицината на луѓе кои 6-12 години учеле како да Ви помогнат

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук профил објави предупредувачка информација колку изнесува нормалната телесна температура и кога е време за парацетамол, лекар и антибиотик.

Тој потсетува дека со неконтролираното и предвремено давање на антипиретици, Вие го супримирате Вашиот одбрамбен имунолошки систем правовремено и со цел капацитет да се избори со инфекцијата.

„Субфебрилна и фебрилна телесна температура Во општиот страв создаден со SarsCov-2, голем дел од Вас драги Фб пријатели секој ден ја мерите Вашата телесна температура. Многумина овие денови се возбудуваат веќе на вредности од 37.1°С и веднаш посегнуваат по антипиретици (Парацетамол, аспирин, фервекс, ибупрофен, Кафетин итн) и антибиотици. Медицината познава неколку градации на човековата телесна температура.

- Под 36°Ц хипотермија, која може да биде животозагрозувачка -36°С до 37°С или според некои автори 37.5°С нормална телесна температура (афебрилност)

-37°С до 38°С според некои автори до 38.5°С субфебрилност

-38°С до 40°С фебрилност

-40°С до 42°С малигна хипертермија

Во сите медицински учебници јасно стои и пишува, субфебрилните температури (37°С-38°С) не треба да се третираат 3-5 дена, БИДЕЈЌИ СЕ РЕЗУЛТАТ НА БОРБА НА ОДБРАМБЕНИОТ СИСТЕМ НА ОРГАНИЗМОТ со надворешниот натрапник (вирус, бактерија, рикеција, габа, страно тело). Со неконтролираното и предвремено давање на антипиретици, Вие го супримирате Вашиот одбрамбен имунолошки систем правовремено и со цел капацитет да се избори со инфекцијата.

ПИЈТЕ МНОГУ ТЕЧНОСТИ, А НЕ ДУЗИНА ЛЕКОВИ!!!! ОВА ВАЖИ ЗА СИТЕ ИНФЕКЦИИ И НЕМА ПРИЧИНА ДА Е ПОИНАКУ И КАЈ SarsCov-2 АНТИБИОТИК се дава исклучиво кај докажана бактериска инфекција ИЛИ кај јасно дефинирани лабораториски параметри кои сугерираат бактериска инфекција.

Секое друго давање на антибиотик е неоправдано. SarsCov-2 е вирус и не може да се убие и уште помалку да се превенира со бил кој познат антибиотик. Ова го знае секој доктор во Македонија и затоа Ве молам препуштете ја медицината на луѓе кои 6-12 години учеле како да Ви помогнат

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега