Д-р Докиќ: Прележаните се само делумно заштитени

Проф.-д-р Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија во разговор за Канал 5 изјави дека најчестите симптоми на инфекција со сојот омикрон на коронавирусот се: променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија.

Според докторот, кој е раководител на сите ковид-центри во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кашлицата се должи најверојатно на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат оголени и подложни на разни надворешни фактори.

Според д-р Докиќ, коронавирусот ќе остане меѓу нас, но засега овој сој би требало да биде полесен и да го надвладее сојот делта, кој дава потешка клиничка слика кај пациентите.

-Пациентите кои што ќе прележат омикрон создаваат антитела кои што ги штитат од делта сојот, меѓутоа оние што прележале претходно делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против омикрон, рече д-р Докиќ.

24.01.2022 - 22:00
Фото: 
Слободен Печат/Принтскрин

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа