Д-р Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите

 Ако на почетокот од пандемијата еден од симптомите за Ковид 19 беше и конјуктивитисот, кој подоцна исчезна, сега докторите предупредуваат дека со омикронот-сојот повторно е вратен како симптом.

Лекарите велат дека честа цел на омикронот е окото.

– Имав пациентка со конјуктивитис баш на почетокот од јануари. Меѓутоа, таков пациент ми се појави и на крајот од октомври, кога доминтатен беше делта-сојот. Е сега, дали омикронот циркулирал тука и многу порано од што мислевме, не можам да кажам со сигурност. Она што е важно е дека ковид-пациентот мора да се прегледа затоа што тој не може сè да забележи сам. Кога влезе пациентката со конјуктивитис, јас веднаш забележав дека има црвенило на очите. Кога ја прашав дали ја чешаат, ми потврди. Во вакви случаи веднаш се препишува соодветна терапија, за очите најчесто даваме капки. Ковидот навлегува преку респираторните патишта, меѓутоа не знаеме во кои органи може да засегне, кај некои се белите дробови, кај некои бубрезите, има случаи во кои драстично слабее слухот, а кај некои ги напаѓа очите – вели д-р Драган Ѓорѓиевски, специјалист по семејна медицина за Нова Македонија.

21.01.2022 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега