Д-р Грујичиќ објасни кои се првите знаци на тумор на мозокот - кога треба да се обратите кај доктор

Докторката на Институтот за онкологија и радиологија во Клиничкиот центар на Србија, Даница Грујичиќ ги открила првите симптоми на тумор на мозокот.

За тоа дали е зголемен бројот на пациенти на клиниката поради коронавирусот, докторката вели:

„Мора да се врати довербата и во семејниот лекар и во медицината, интернетот е прекрасна работа, но постојат мноу глупости кои немаат никаква медицинска поткрепа и се објавуваат невистини“.

Таа за Курир.рс и кои се првите симптоми на тумор на мозокот, поради кои веднаш треба да се јавите на лекар.

„Кога станува збор за туморот на мозокот, тоа се фини психички промени кои можат да ги забележат и домашните, оние кои добро познаваат некој. Кога некој почнува да раскажува вицеви кои воопшто не се карактеристични за него, кога се однесува на начин кој не е својствен, кога покажува особини кои никогаш не биле составен дел од неговата личност, во тој момент треба да се направи дијагностика. За жал, тоа не се случува, обично таквото однесување се поврзува со некаква траума или трагичен настан“, вели докторката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега