Д-р Кон: Коронавирусот може да трае и 2 години, мора да се навикнеме на носење маски, на есен ќе има посилен удар

Доколку интензитетот на ширењето на заразата не опадне, се проценува дека епидемијата би можела да трае и цели две години.

Вака актуелната епидемиолошка ситуација ја оценија медицинските експерти кои се уверени дека почетокот на сезоната на ширењето на респираторните инфекции, ќе биде проследена со нов налет на Ковид-19.

-Вирусот ни порача дека нема сезона и дека високите температури не ја спречуваат неговата активност - рекол Предраг Кон.

-Уверен сум дека неговата моќ на ширење е иста како и на почетокот. Разликата е во тоа што сега имаме многу поголем број на тестирани, а до вчера немавме никакви ограничувања во групирањата, туку само совети за неопходната заштита. Затоа е многу важно да се навикнеме на носење маски, не само во наредните 15 дена, туку многу подолго од тоа, за да можеме на есен да бидеме подготвени - кажа д-р Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега