Д-р Кон откри дали ќе се вакцинира против корона- предупреди дека се уште има луѓе кои не веруваат во вирусот

Има луѓе кои не прифаќаат дека короната воопшто постои, такви има околу 10 отсто, рекол угледниот епидемиолог и член на кризниот штаб во Србија, Предраг Кон.

Тој рекол дека кога сите масовно би носеле маски секогаш и во секоја ситуација, ќе бидеме заштитени, а би починале сигурно 300.000 помалку. Засега дистанца, миење раце и маски се во моментов нашата најдобра одбрана, затоа што тоа не е само став на СЗО - рекол д-р Кон додавајќи дека тоа е општ став.

Тој додал дека имале голем број прослави во јуни, голем број матури, родендени, свадби, затоа и имало експлозија на вирусот и најмногу починати - дури 18 во еден ден.

Додал дека оваа сезона се очекува помал број на заболени од грип.

Кажал дека меѓу првите ќе се вакцинира кога ќе стигне вакцината.

-Тука нема дилеми, штом стигне - рекол Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега