Д-р Костов: Студија на МЗ покажа дека најголем дел од починатите од Ковид се со најмалку два коморбидитети

Во почетокот на пандемијата, за голем дел од граѓаните болеста не беше позната, не се знаеше каква е патогенезата и етиологијата на болеста, начинот на лекување, но, како што се развиваше, така добивавме повеќе сознанија за лекувањето. Раната дијагноза и раното лекување е со добар исход, кажа директорот на ГОБ 8 Септември, Христијан Костов во интервју за Сител и дода дека дека смртноста во последниве месеци се должи најмногу на задоцнетото лекување.

„Секое задоцнето лекување и доаѓање во болница кога е падната сатурацијата под 50 отсто, тоа оди кон за жал трагичен исход и медицинскиот персонал многу малку може да помогне. Како се развиваше, точно се знаеше што напаѓа вирусот, вирулентноста, каков е нчинот на лекување. Последните пет месеци смртноста во најголем процент беше заради задоцнетото пријавување на болеста. Имавме ситуации каде во тек на ноќта имаше по пет-шест реанимации во самите тријажни центри, и голем дел од смртните случаи беа на самиот прием. Тоа се пациенти кои не се пријавувале и се лекувале дома без лекарства и доаѓаа доцна“, објасни Костов.

Втората причина, според него, се придружните болести.

„МЗ почна една студија за анализа на смртноста во ковид центрите. Првчните сознанија покажаа дека 80 отсто од смртните случаи се со најмаку два коморбидитети. Тоа значи дека кај оние пациенти кои имаат коморбидитети дејството на вирусот го комплицира примарното заболување. Затоа таа смртност е висока. Многу мал процент е смртност само од ковид пнеумонија. Се друго е комбинирано со срцева слабост, бубрежна слабост, хипертензија, обезитас. Оние неколку млади луѓе кои починаа беа исто со некои коморбидитети и синдроми, и многу малку можеше да се направи од медициснкиот тим, кои се професиналци“, рече Костов.

Тој во интервјуто зборуваше и за поплнетоста во ГОБ „8 септември“.

„Нашта болница е ограничена на 50 ковид пациенти. Секојдневно последниве две недели го чувствуваме тој зголемен притисок на паценти. Последниве денови капацитетот ни е речиси полн, меѓутоа имаме добра корелација со инфектвната клиника и со болнцата во Козле, па правиме прераспределба на пациентите, во смисла дека сите пациенти кои се веќе во подобра состојба се препраќаат во другите болници, со цел да ослободиме неколку места за најитните и најтешките случаи, кои ги препраќаат од сите други болници од цела држава, со брза помош, кои имаат многу ниска стапка на сатурација на кислород во крвата, како и со коморбидитети, кои за жал се во најголем процент причина за смртноста на пациентите“, рече Костов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа