Д-р Несторовиќ повторно изненади: Маски не треба да носат здрави луѓе, јас лично никогаш не носам
Српскиот доктор Бранимир Несторовиќ вели дека не носи маска како превентива од коронавирусот.
-Не носев маски освен на седниците на Кризниот штаб. Мене работа ми е да работам со болни луѓе, ако мислам дека пациентот има баш сериозна болест ставам маска.
Докторот рекол дека маската е фластер.
-Тоа епидемиолозите го рекоа. Вие кога имате рана вие ставате фластер. Е, тоа е маската. Луѓето носат маска за да се чувствуваат заштитено. Маски не треба да носат здрави луѓе, туку само болните за да не ги заразат другите - вели тој.
Несторовиќ истакна дека тоа го пишува и во упатствата на СЗО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа