Д-р Пановски: Ковид кризата поттикна милионско профитерство, епидемијата не може да се води со средства на граѓаните

Микробиологот Никола Пановски во емисија на Телевизија 24 обвини за воено профитерство на приватните болници.

Смета дека во кризна состојба, државата не смеела да дозволи да профитираат на грбот на граѓаните, туки сите заеднички да работат под фондот за здравство.

Епидемија не може да се води со средства на граѓаните, вели Пановски.

-Веројатно има некој интерес за тоа да се дозволи. Не знам зошто би се дозволило инаку медицинските лица да работат со опасност, да викате дека тоа е нивна работа. Нивна работа е за лична болест на некој човек кога се лекува, да изберекај се лекува. Ова е епидемија, пандемија, ова е општа работа, значи не може да се дозволи на некој да работи со тие цени во време на пандемија - кажа Пановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега