Д-р Пановски: Најтешките три месеци се пред нас

Во гостување на Сител, д-р Никола Пановски истакна дека како што ќе заладува времето, воздухот ќе биде позагаден луѓето ќе влегуваат внатре и ќе ја шират болеста.

-Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста.Затоа меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки. Значи во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. Ако сме во криза како што во моментов се наоѓаме да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена.

 

За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ни ја носат болеста дома.

Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста.

Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика.

Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи.

Проценка на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки може да трае и повеќе од две години. Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем 2 три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега