Д-р Пановски: Со толку заразени, ни во август нема да патуваме во ЕУ

Д-р Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ рече дека доколку бројките од коронавирусот не се намалат македонските граѓани ниту во август нема да можат да патуваат во ЕУ.

Тој прогноизира дека мал број новозаразени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.

„Ова ќе трае, но се надеваме дневниот биланс ќе продолжи да биде 100 заразени со 100 излечени, како што имавме деновиве. Ако ги почитуваме мерките и продолжат овие бројки како досега, мало намалување на новозаразените може да се очекуваат во месец август“, вели Пановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа