Д-р Попадиќ за теориите на заговор: Вакцините никако не предизвикуваат стерилитет

Иако за вакцините против Ковид 19 многу се знае, во јавноста секогаш постојат одредени дилеми. Едно од честите стравувања е тоа дека вакцината предизвикува стерилитет, а одреден процент на граѓани и понатаму верува дека при вакцинација ни се вбризгуваат чипови.

Имунологот проф. д-р Душан Попадиќ од Медицинскиот факултет во Белград вели дека е целосно н еточно дека вакцината предизвикува стерилитет, затоа што таа не интерферира со било која репродуктивна функција кај мажите или жените.

-Вакцината се врбизгува во рамо и оди во дренираните лимфни чворови кои се наоѓаат под клучната коска и тука се размноужуваат ќелии кои после можат да одговорат на инфекција. Ништо од тоа не допира до било кој репродуктивњн орган - вели експертот.

Тој нагласува дека е целосно јасно дека во вакцините нема чипови.

-Секој кој се вакцинирал видел дека вакцината е бистра течност. Чиповите кои се пласираат за луѓе и животни се со големина на ориз и да се вбризга такво нешто луѓето би знаеле. Од друга страна, постојат многу елегантни начини на следење, на пример преку мобилниот телефон и апликациите во телефоните. Нема потреба некој да троши пари за вакцини за да може да следи некој, кога тоа може и бесплатно преку телефоните - вели Попадиќ.

21.07.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега